Хроника во центарот на градот

Пукање во Куманово, едно лице повредено

Поради сериозноста на повредите, лицето е испратено за Скопје.

Пукање во Куманово, едно лице повредено

Во центарот на Куманово се случило пукање, потврди СВР Куманово, од каде најавија детали по завршување на увидот.

Од Кумановската општа болница потврдија дека кај нив со возило на Итна помош во 17: 38 часот е донесено машко лице со две прострелни рани на двете нозе.

МИА

Поради сериозноста на повредите, лицето е испратено за Скопје.

– По пружањето на првична здравствена помош, лицето со тим од вработени е препратено до васкуларна хирургија Скопје, изјави директорката на болницата, Биљана Ивановска.

To top