Македонија парламентарни избори

Мисајловски: Масовна мобилизација на 8 мај за многу реформи, нема партија која во Ѓорче Петров ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ

Тој побара масовна поддршка од Ѓорче Петров за уште поголема победа на 8 мај и реализација на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Мисајловски: Масовна мобилизација на 8 мај за многу реформи, нема партија која во Ѓорче Петров ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во втората изборна единица Владо Мисајлвоски од денешниот митинг во Ѓорче Петров истакна дека е горд на граѓаните што на 24 април избрале Македонија повторно да биде на секој еден од нас, да биде напредна земја, земја во која граѓаните ќе бидат задоволни!

-Мојата, нашата идеја како ВМРО-ДПМНЕ е да има подобро утре за секој еден од нас! Доста беше беда, доста беше мизерен однос кон граѓаните, кон државата. доста беше низок стандард, лош живот, оттуѓена Mакедонија. Јас и мојот тим, ние како ВМРО-ДПМНЕ секој ден сме со вас, со сите граѓани. Секој ден сум овде во Ѓорче Петров, во сите населени места, низ цела општина, но и во сите општини од изборна единица 2“, кажа Мисајловскиод митингот во Ѓорче Петров.

Тој побара масовна поддршка од Ѓорче Петров за уште поголема победа на 8 мај и реализација на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Нема партија која во Ѓорче Петров ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ. Но за да направиме многу реформи, поголеми пензии, 50 000 нови работни места, 5 000 денари за сите пензионери, нова позитивна листа на лекови, секое дете во градинка и се она што го предвидуваме во програмата ни треба мобилизација. Масовно да го направиме тоа на 8 ми мај да победиме. Да сте ми живи и здрави да победуваме, истакна Мисајловски.

To top