Хроника

Приведен малолетен крадец во гостиварско

По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе следува соодветен поднесок.

Приведен малолетен крадец во гостиварско

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 17 часот и 15 минути во гостиварска Горна Бањица лишиле од слобода малолетник од населба Фазанерија.

-Тој се сомничи дека на 27-ми овој месец во Гостивар извршил разбојничка кражба над друг малолетник од населбата Циглана и му одзел личен предмет. Одземениот предмет вчера е пронајден и вратен на мајката на малолетникот, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе следува соодветен поднесок.

To top