Хроника ОВР Кичево

Приведен измамник од кичевско по распишана централна потерница

За него била распишана централна потерница врз основа на судска наредба, стои во соопштението.

Приведен измамник од кичевско по распишана централна потерница

На 08.04.2024 во 14.05 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево го приведоа Х.Ф.(45) од кичевското село Горно Строгомиште, известија од МВР.

-За него била распишана централна потерница врз основа на судска наредба со која се барал за издржување затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „измама“, стои во соопштението.

Од МВР потенцираа дека лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

To top