Хроника СВР Скопје

Малолетници избегале од Јавна установа за згрижување деца

Според пријавата, тие и претходно се оддалечувале од установата и биле враќани назад.

Малолетници избегале од Јавна установа за згрижување деца

На 11.12.2023 околу 11:30 часот во СВР Скопје, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од организационата единица се оддалечиле нивните штитеници Р.Џ.М.(16) од Куманово и Р.Н.(17) од Крива Паланка.

Според пријавата, тие и претходно се оддалечувале од установата и биле враќани назад.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

To top