Хроника МВР

Малолетници направиле хаос: Тепале деца низ Центар, кај нив пронајден нож

По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител за малолетници, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Малолетници направиле хаос: Тепале деца низ Центар, кај нив пронајден нож

На 06.04.2024 во 22:15 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар при СВР Скопје лишиле од слобода четири малолетници од Скопје, при што кај еден од нив бил пронајден и одземен нож.

Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела на подрачјето на Центар. Се сомничат дека 05.04.2024 околу 22:00 часот во Градски трговски центар физички нападнале малолетник од Скопје и агресивно се однесувале кон три малолетнички, исто така, од Скопје и дека истиот ден околу 22:40 часот на подрачјето на Центар физички нападнале друг малолетник од Скопје.

Исто така, тие се сомничат дека на 06.04.2024 околу 20:00 часот во Градски трговски центар физички ги нападнале Л.Т.(20) и 19-годишната С.А., двајцата од Скопје.

По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител за малолетници, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

To top