Хроника полицијата го уапсила вчера

Кичевец и нанел тешки повреди на две годишната ќерка, детето починало по 22 дена борба за живот во болница

Во координација со јавен обвинител, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Кичевец и нанел тешки повреди на две годишната ќерка, детето починало по 22 дена борба за живот во болница

На 10.01.2024 година во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија Ф.Д.(30) од Кичево.

-Тој се сомничи дека на 18.12.2023 година во семејниот дом во Кичево и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, на 08.01.2024 година, починала, информираат од СВР Охрид.

Во координација со јавен обвинител, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top