Економија до крајот на месецот сите ќе бидат сетирани

Воведувањето на евтината тарифа е по редослед: Корисниците на кои први им се укинала, сега први ја добиваат

Бислимовски потенцираше дека екипите на ЕВН не можат одеднаш да ги сетираат сите броила и додаде дека ниту еден граѓанин нема да биде оштетен, алудирајќи на сметките.

Воведувањето на евтината тарифа е по редослед: Корисниците на кои први им се укинала, сега први ја добиваат

Броилата на кои први им се укинала евтината тарифа, сега први добиваат евтина тарифа. Надлежните велат дека ниту еден корисник нема да биде оштетен.

До крајот на месецот сите броила ќе бидат сетирани на новата евтина тарифа, освен тие кои се недостапни како: броила во затворени објекти, викендички и слично.

-Првите потрошувачи кои имаат далечински броила веќе добија евтина тарифа. Останатите потрошувачи ќе можат да користат евтина тарифа до крајот на годината, кога се очекува евтината тарифа да биде инсталирана на над 90% од броилата, објаснува првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

На сетирањето на броилата на евтина тарифа се работи секојдневно, а на секое броило сетирано од овластените стручни екипи ќе појавува опцијата Т1 за висока тарифа и Т2 за евтина тарифа. Така, секој потрошувач ќе може точно да види на која тарифа е моменталната потрошувачка. Овие ознаки се јавуваат само кај броилата кои веќе се сетирани.

Постапното воведување на евтината тарифа е техничка работа, а на ист начин се реализираше и укинувањето на евтината тарифа. Имено, и тогаш овластените екипи постепено ги сетираа броилата, бидејќи овој процес и тогаш се вршеше рачно.

Бислимовски потенцираше дека екипите на ЕВН не можат одеднаш да ги сетираат сите броила и додаде дека ниту еден граѓанин нема да биде оштетен, алудирајќи на сметките.

To top