Економија

Зголемени цените на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Зголемени цените на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март годинава се пoголеми за процент на месечно ниво и за 0,1 процент на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во март во споредба со февруари годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 4,9 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачи за 1,5 проценти.

Во споредба со март минатата година продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 0,2 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,8 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачи за 6,9 проценти.

To top