Економија берза

Европските индексите стагнираат, азиските го следат падот на Волстрит

На европските берзи во средата во првиот дел од денот се тргува внимателно, а индексите стагнираат, по вчерашниот извештај за неочекуван пораст на инфлацијата во САД.

Европските индексите стагнираат, азиските го следат падот на Волстрит

На европските берзи во средата во првиот дел од денот се тргува внимателно, а индексите стагнираат, по вчерашниот извештај за неочекуван пораст на инфлацијата во САД.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции по вчерашниот пад впорасна за 0,1 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,49 отсто, на 7.549 поени, додека франкфуртски DAX зајакна за 0,01 отсто, на 16.878 поени, а париски CAC за 0,06 отсто, на 7.629 поени.

Растот на британскиот FTSE индекс е благодарение на извештајот за ублажување на инфлациските притисоци во Британија во јануари.

А на повеќето азиски берзи цените на акциите паднаа. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во истиот дневен пресек како и во Европа беше во минус од 0,8 отсто, слабеејќи петти ден по ред. Во исто време, индексот Nikkei се лизна за 0,7 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,7 и 1,1 отсто. Во Хонгконг, пак, пораснаа за 0,8 отсто, додека другите кинески берзи се затворени поради прославата на Лунарната нова година.

Азиските инвеститори беа разочарани од вчерашниот остар пад на Волстрит, каде главните индекси потонаа за повеќе од 1 отсто, по извештаите дека потрошувачките цени во САД се зголемиле за 0,3 отсто на месечно ниво и 3,1 отсто на годишно ниво во јануари, што е повеќе отколку што очекуваа аналитичарите.

Последниве месеци цените на акциите силно пораснаа, бидејќи пазарот процени дека инфлацијата ќе ослаби и дека како резултат на тоа Fed ќе почне да ги намалува каматните стапки веќе во март.

Сепак, имајќи предвид дека инфлацијата сѐ уште се движи далеку над целното ниво на Fed од 2 отсто, на пазарот веќе не се ни споменува мартовското намалување, а по вчерашниот извештај за потрошувачките цени, надежите за намалување на каматните стапки во мај исчезнаа. На пазарот на пари сега се проценува дека изгледите за намалување на каматната стапка на Fed во мај се околу 36 отсто, додека пред вчерашниот извештај изгледите беа околу 58 отсто.

„Многу функционери на Fed на различни начини последниве седмици велат дека очекувањата на пазарот за намалување на каматните стапки во првата половина од годината се предвремени. Извештајот за потрошувачките цени сега го потврди ова“, вели Боб Елиот, директор во „Unlimited Funds“.

Најнови вести од Економија

To top