Економија берза

Благ раст на европските и азиските берзи

На европските берзи се тргуваше претпазливо во четвртокот претпладнето, со малку повисоки индекси додека инвеститорите очекуваат нови вести кои би можеле да го насочат пазарот.

Благ раст на европските и азиските берзи

На европските берзи се тргуваше претпазливо во четвртокот претпладнето, со малку повисоки индекси додека инвеститорите очекуваат нови вести кои би можеле да го насочат пазарот.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек од тргувањето порасна за 0,2 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,25 отсто, на 7.950 поени, додека франкфуртски DAX се зголеми за 0,07 отсто, на 18.490 поени, а париски CAC за 0,23 отсто, на 8.225 поени.

Цените на акциите пораснаа и на повеќето азиски берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во истиот пресек како и во Европа, порасна за 0,2 отсто. Истовремено, индексот Nikkei падна за 1,5 отсто на берзата во Токио, а цените на акциите во Јужна Кореја, исто така, паднаа за околу 0,3 отсто. Во Австралија, Шангај и Хонгконг, пак, се зголемија меѓу 0,6 и 1 процент.

Индексот Nikkei драстично падна, бидејќи инвеститорите се загрижени за можна интервенција на јапонските монетарни власти за да се запре натамошниот пад на јенот во однос на доларот, кој во моментов се движи на најниското ниво во последните 34 години.

Во Австралија, пак, берзанскиот индекс достигна рекордно ниво, бидејќи цените на акциите во рударскиот сектор значително пораснаа поради растот на цените на суровините.

Кинеските берзански индекси беа во минус на самиот почеток на тргувањето, но значително пораснаа откако властите најавија дека подготвуваат нови мерки за стимулирање на економијата и стабилизирање на пазарот на недвижности.

На берзите преовладува внимателност, бидејќи нема вести кои битно би можеле да влијаат на насоката на пазарите и затоа што во петок повеќето европски берзи, но и американските се затворени поради велигденските празници.

Вчерашниот раст на Волстрит позитивно се одразува на пазарите. Dow Jones скокна за 1,22 отсто, додека S&P 500 порасна за 0,86 отсто, а Nasdaq индексот за 0,51 отсто. Така, индексите ги надоместија загубите од претходните три дена.

Инвеститорите се фокусирани на шпекулациите за намалување на каматните стапки во САД. Проценките дека Fed ќе почне да ги намалува каматните стапки во јуни донекаде ослабеа откако синоќа гувернерот на FEd, Кристофер Валер, изјави дека нема причина да се брза со намалување на каматните стапки бидејќи инфлацијата сѐ уште е покачена.

Теми на денот

To top