Економија Промо комерцијална објава

Бабилис од ЕДС: Нашата понуда за универзален снабдувач ќе биде многу конкурентна и со значително пониска маржа

Донесовме одлука да учествуваме во јавниот повик на универзален снабдувач за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, потврди главниот и извршен директор на ЕДС, Милтиадес Бабилис, во интервју за Фактор. Од ЕДС велат дека како компанија се комплетно подготвени за оваа одговорна улога во државата и очекуваат транспарентна постапка. Јавноста треба да знае дека нашата понуда ќе биде многу конкурентна и со пониска маржа и затоа не сакаме да веруваме дека со политичка одлука може да се спречи поевтина струја за граѓаните, изјави Бабилис.

„Согласно законите за јавни набавки и енергетика зад ЕДС стои корпоративниот углед, но и активата на ППЦ. Како што говорев, станува збор за релативно млад пазар кој што се уште се соочува со почетни предизвици, но очекуваме дека целата постапка за избор на нов универзален снабдувач за домаќинствата и малите потрошувачи ќе биде транспарентно спроведена, со почитување на начелата за фер конкуренција и дека ќе биде донесена одлука од која што најголема придобивка ќе имаат граѓаните. И токму она што е најголем интерес на граѓаните, го имавме ние како компанија предвид при подготовката за овој повик. Јавноста треба да знае дека нашата понуда ќе биде многу конкурентна и значително пониска маржа. Не сакаме да веруваме дека со политичка одлука може да се спречува поевтина струја за граѓаните. Без да звучам претенциозно, но важно е да се знае дека фактичката состојба упатува на заклучокот дека во извесна смисла ЕДС на одреден начин ги субвенционира дел од државните и општински институции, но и целата економија, изјави Бабилис.

Токму долговите на струја од страна на јавните претпријатија само кон ЕДС изнесуваат неколку милиони евра. Од компанијата велат дека имаат доволна финансиска моќ да ги заштитат сите останати клиенти кои редовно ги подмируваат своите обврски, секако со поддршка на ППЦ, но апелираат за еднаков третман за сите снабдувачи на електрична енергија.
Првиот човек на ЕДС во однос на цените на електричната енергија вели дека енергетскиот пазар е променлив и на него влијаат повеќе фактори, но дека анализите говорат за ниво на оптимизам во однос на цените на гасот и електричната енергија во текот на зимата 2023/2024 година.

To top