Ракомет ракомет

Митревски: Фарски острови е незгоден противник

Македонската ракометна репрезентација ја доби селекцијата на Фарски острови за ривал во баражот за пласман на СП 2025 година.

Митревски: Фарски острови е незгоден противник

Македонската ракометна репрезентација ја доби селекцијата на Фарски острови за ривал во баражот за пласман на СП 2025 година.

Првиот меч е на програмата на 8. мај, додека четири дена подоцна и реваншот, и на првиот дуел Македонија треба да биде гостин.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација даде свое видување по повод денешната ждребпа.

Добивме еден од помалку посакуваните противници во баражот. И покрај ова ние ќе влеземе како фаворити и тоа треба да го искористиме. Фарски Острови е селекција која е во подем, играат брз ракомет, има играчи кои играат во Бундес-лигата и нивната игра се темели на квалитетите на тие играчи. Доколку бевме од другата во ждрепката и го добиевме овој противник, секако дека ќе бевме задоволни. Треба да се подготвиме за нив и да го продолжиме континуитетот на пласман на големите натпреварувања, изјави Митревски.

Фарки Острови е незгоден ривал за Македонија, и нема да биде лесно на избраниците на Кире Лазаров. Фарски острови е во голем подем, и за првпат годинава учествуваше на големите натпреварувања.

Светското првенство во 2025 година ќе се игра во Данска, Хрватска и Норвешка, односно во пет градови во Хрватска, два во Данска и четири во Норвешка.

To top