Ракомет ЕП ќе се одржи од 10 до 28 јануари во Германија

Лазаров селектираше 19 ракометари за подготовките за ЕП

Селекторот на македонската машка сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, денеска го објави списокот со 19 играчи за подготовки за претстојното Европското првенство.

Лазаров селектираше 19 ракометари за подготовките за ЕП

Собирот на репрезентацијата со кој ќе биде означен стартот на подготовките е закажан за идната среда во Скопје.

На списокот на Лазаров се Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, Томислав Јагуриноски, Мартин Велковски, Давид Савревски, Иван Џонов, Марио Митев, Игор Ѓоргиев, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Едвин Омерагиќ, Ненад Костески, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ и Цветан Кузмановски.

Европското првенство ќе се одржи од 10 до 28 јануари во Германија, а македонската репрезентација е дел од групата А со домаќинот, Франција и Швајцарија.

To top