Ракомет првиот натпревар ѓорчепетровки ќе го одриграат на гостински терен

„Лавиците“ од Ѓорче Петров во четфртфиналето на Европскиот куп силите ќе ги одмерат против Елче

Македонскиот ракометен шампион ЖРК Ѓорче Петров го доби тимот на Елче за противник во четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ, одлучено е на денешната ждрепка во Келн.

„Лавиците“ од Ѓорче Петров во четфртфиналето на Европскиот куп силите ќе ги одмерат против Елче

„Лавиците“ првиот натпревар во четвртфиналето ќе го играат на гостински терен.

Другите двојки за четвртфиналето во третото по квалитет клупско натпреварување под покровителство на ЕХФ се:

Гранољерс (Шпанија) – Гран Канарија (Шпанија)
Михаловце (Словачка) – Венло (Холандија)
Бенфика (Португалија) – Јаликаваспор (Турција).

Четвртфиналните пресметки се закажани за 9/10 и на 16/17 март.

To top