Останати спортови

Четвртфинале за Стоилковска на ИТФ фјучрсот во Египет

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска ја продолжи серијата победи на ИТФ фјучрсот во Шарм Ел Шеик, Египет што се игра за награден фонд од 15.000 долари.

Четвртфинале за Стоилковска на ИТФ фјучрсот во Египет

Нашата тенисерка денеска во мечот од второто коло ја совлада Италијанката Џулијана Бестети со 2:0 во сетови (6:1, 7:5) за 1 час и 47 минути игра.

Утре во четвртфиналето Стоилковска ќе игра против полската тенисерка Дариа Куцер (25 години, 1106.место ВТА), која истотака беше дел од квалификациите на овој турнир.

To top