Ракомет

Данска со нова победа обезбеди полуфинале на ЕП

Данска со нова победа обезбеди полуфинале на ЕП

Ракометната репрезентација на Данска продолжи да победува на Европското првенство и со шестиот триумф во низа го обезбеди полуфиналето. Данците беа подобри од Норвешка со 29:23.

Неизвесноста на овој меч траеше само во првите неколку напади, по следуваше серија 10-2 на актуелниот светски шампион за водство 13-5, кое беше најголемо на средбата и кое на Данците им гарантираше мирно продолжение. До крајот двете селекции одиграа рутински.

Најефикасни со по пет гола кај Данците беа Гидсел, Линдберг и Питлик, додека Блонц постигна исто толку кај Норвешка.

Пред последното коло Данска има максимални осум бода и обезбеди полуфинале, но во полуфиналето е и Шведска.

To top