Ракомет ракомет

Борозан: Поздрав до сите хејтери, само нека продолжат да ме плукаат!

По долга пауза Вуко Борозан се врати во репрезентативниот дрес и колку ѝ недостигаше неговиот квалитет на Црна Гора се покажа на Европското првенство во Германија.

Освојувачот на Лигата на шампионите со Вардар во 2017 година немаше играно за „лавовите“ од јуни истата година, но новиот селектор Владо Шола беше упорен во својата намера и успеа да го убеди Борозан да се врати во националниот тим.

Некогашниот ас на Вардар и Металург против Србија имаше одличен настап и запиша шест гола, а по победата (30-29) имаше неколку пораки:

Најпрво сакам да ги поздравам сите хејтери. Нека продолжат да ме плукаат, ќе бидам уште посилен. Поздрав и до господинот Перо Милошевиќ. Бев должен да го кажам ова, рече Борозан и испрати бакнежи до децата и сопругата.

Причината поради која го поздрави Милошевиќ е детаљ од последниот натпревар на Ловќен во Европската лига на ЕХФ, кога искусниот тренер во четвртата минута го седна на клупата поради пцовки. Набргу потоа 29-годишниот Борозан го раскина договорот со шампионот на Црна Гора и моментално е без клуб.

Теми на денот

To top