Останати спортови

Женската тениска репрезентација со скок на ранг листата во Били Џин Кинг купот

Женската тениска репрезентација со скок на ранг листата во Били Џин Кинг купот

Женската тениска репрезентација на Македонија забележа најголем скок на последното рангирање на ранг листата на репрезентациите кои се натпреваруваат во Били Џин Кинг купот.

Македонија има скок од 23 места и сега се наоѓа на 49 позиција во светот што е и најдобар ранг. Покрај Македонија, и Киргистан има скок од 23 места и се наоѓа на 75 позиција.

Добрите игри и резултатите во Вилнус го донесоа овој ранг на Македонија со вкупно 373 поени.

To top