Останати спортови тенис

ВИДЕО: Ѓоковиќ освои ефектен поен и испрати порака: Молчете!

Новак Ѓоковиќ е познат по своите интеракции со публиката каде и да игра. Најчесто Србинот добива свирежи и навреди од навивачите меѓу кои не е омилен, меѓутоа тој секогаш знае како да им одговори.

Слично беше и на мечот со Тејлор Фриц во четвртфиналето на Австралија Опен во Мелбурн. Ѓоковиќ сервираше, Американецот врати, а потоа српскиот ас ефектно му одзеде поен со низок волеј.

Овој поен на Ѓоковиќ беше проследен со овации, меѓутоа тој кон публиката гестикулираше: „Молчете“.

To top