Останати спортови ѓоковиќ по осми пат годината ќе ја заврши на прво место

Таткото на Ѓоковиќ: Новак доминира, тоа им пречи на сите и не можат да признаат дека е најдобар

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак Ѓоковиќ, го коментираше фактот дека неговиот син е првиот во историјата кој поминал 400 недели на првото место на ВТА.

Таткото на Ѓоковиќ: Новак доминира, тоа им пречи на сите и не можат да признаат дека е најдобар

– Во последните 15 години тој е најдобар во светот во секоја можна категорија. И, секако, на сите им пречи ова, па не можат да признаат дека е најдобар. На пример, Федерер беше најдобар долги години со 310 недели на прво место. Кога Новак го собори тој рекорд, тие веднаш ги сменија чевлите и рекоа: „Штефи Граф има 370 недели како број 1“. Кога ја престигна Граф, тие дојдоа до идеја дека некој пред Отворената ера имал околу 500 недели на првото место. Дали сакате и тој да го собори овој рекорд? Па, тој ќе го направи тоа, истана Срѓан Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер по рекорден осми пат годината ќе ја заврши како прв светски рекет.

To top