Останати спортови

Макс Верстапен најбрз и во квалификациите за ГН на Австралија

Макс Верстапен најбрз и во квалификациите за ГН на Австралија

Актуелниот формула 1 шампион, Макс Ферстапен имаше најбрзо време во квалификациите за утрешната трка за Големата награда на Австралија.

И во квалификациите за третата трка сезонава, Холанѓанецот покажува дека доминира и на крајот беше побрз за 0,270 секунди пред Карлос Сајнц од Ферари, додека третото место му припадна на Серхио Перез кој заостана 0,359 секунди.

Ферстапен сезонава победи на првите две трки и сега е голем фаворит да комплетира хет-трик на стартот од новиот шампионат.

To top