Останати спортови

Калин Ивановски со Новак Ѓоковиќ ги почна подготовките за новата сезона!

Калин Ивановски со Новак Ѓоковиќ ги почна подготовките за новата сезона!

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски повторно тренираше со светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ.

Овојпат средбата беше во Дубаи каде Ивановски заедно со Ѓоковиќ ги почна подготовките за новата сезона.

Македонскиот тенисер во моментов е на 325. место на АТП ранг листата. Најдобриот пласман досега на Калин е 305. позиција.

Во следната сезона прва цел ќе биде влез меѓу најдобрите 300 тенисери во светот, а потоа постепено да се крева летвичката погоре за остварување на нови цели.

To top