Останати спортови атлетика

Ивановски постави нов македонски рекорд во маратон

Ова постигнување е подобро од претходното за повеќе од шест минути, остварено на 15 мај 2022 година во Копенхаген (2:18.12).

Ивановски постави нов македонски рекорд во маратон

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски постави нов национален рекорд во маратон, истрчувајќи ја изминатиот викенд во Валенсија, патеката во должина од 42,2 километри во време од 2 часа, 11 минути и 53 секунди.

Ова постигнување е подобро од претходното за повеќе од шест минути, остварено на 15 мај 2022 година во Копенхаген (2:18.12).

Честитки за остварениот резултат, олимпискиот стипендист Ивановски доби од Македонскиот олимписки комитет (МОК).

– Дарио ја има целосната и безрезервна поддршка на МОК уште од 2016 година, а истата ќе продолжи и во иднина. Силно веруваме дека тој, своето најдобро ќе го прикаже на Олимписките игри во Париз 2024, соопшти МОК.

To top