Останати спортови

Ѓорческа напредуваше на ВТА ранг-листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има за четири места подобар ранг од претходната недела на ВТА листата и се наоѓа на 235. место.

Ѓорческа напредуваше на ВТА ранг-листата

Ѓорческа на новото рангирање има седум поени повеќе односно 319, добиено за пласманот во четвртфиналето на фјучрсот во Анталија.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа има скок за едно место – 373, со истиот број на поени – 226.

Магдалена Стоилковска, пак има пад за една позиција и се наоѓа на 1212. место со девет поени.

To top