Останати спортови

Ферстапен со триумф во Абу Даби ја заокружи најдоминантната сезона во Ф1

Ферстапен со триумф во Абу Даби ја заокружи најдоминантната сезона во Ф1

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен со уште едно победничко издание во негов стил ја заокружи оваа сезона Ф1 шампионатот.

Холанѓанецот доминираше во оваа 2023 година, па така беше и на завршната трка во Абу Даби каде славеше пред Шарл Леклер од Ферари и Џорџ Расел од Мерцедес.

Ова за Ферстапен беше 19 победа во 22 сезонска трка со што само уште еднаш ја потврди најдоминантната сезона во историја на ова елитно натпреварување. Тој остави зад себе неверојатни бројки, резултати за кои ќе видиме дали ќе можат да бидат повторени во блиска иднина.

To top