Останати спортови

Дарио Ивановски официјално ќе настапи на ЛОИ во Париз

Дарио Ивановски официјално ќе настапи на ЛОИ во Париз

Атлетичарот Дарио Ивановски е еден од оние кои ќе ја претставуваат Македонија на претстојните Олимписки Игри во Париз откако маратонецот се најде на денешната ранг-листа објавена од страна на Светската Атлетска Федерација.

Ажурираната листа ја предводи Сисај Лема од Етиопија, но за нас најважно е што на неа на 78. место се најде името на Дарио Ивановски, како еден од единаесетте атлетичари кои со вајлд-карта добиваат билет за учество на Олимписките Игри.

Конечната листа на учесници на ОИ ќе биде објавена на 12 мај, но со оглед на моментниот ранкинг и фактот дека за претстојниот викенд нема закажано маратонска трка што би се бодувала за билет за Париз, за очекување е Ивановски конечно да добие шанса да биде дел од најмасовното спортско натпреварување.

Информацијата ја потврди и неговиот долгогодишен тренер, Игор Јакимовски, со објава на својот фејсбук профил.

„На овој историски ден за нашата Македонија, читаме уште нови прекрасни вести. Денес WORLD ATHLETICS ги ажурираше листите за ROAD TO PARIS 2024 во дисциплината маратон. А таа вели… Моментално од 81 квалификувани атлетичари за ЛОИ 2024 во дисциплината маратон(70 со норма и 11 со ранкинг) на 78то место е Дарио Ивановски, Македонијаааааааа 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰 Според мене ова е веќе готова работа, а нашиот олимписки сон РЕАЛНОСТ 🙏

To top