Кошарка ПРВА ЛИГА МАЖИ

Викендов стартува полуфиналето во кошаркарскиот плејоф, Работнички го пречекува Пелистер

Полуфиналните серии се играат во три победи.

Викендов стартува полуфиналето во кошаркарскиот плејоф, Работнички го пречекува Пелистер

Од сабота стартува полуфиналето во разигрувањето за титулата во македонската кошаркарска лига, а првиот натпревар е на програмата, од 18. часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје меѓу Работнички и Пелистер.

И двете екипи експресно, во само три натпревари, ја завршија работата во четвртфиналето и имаа доволно време за подготовка за оваа серија во која нема изразит фаворит.

Првите два натпревари ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“, третиот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, каде, ако биде потребно, ќе се игра и натпреварот број 4.

Поради обврските на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата, првата полуфинална пресметка меѓу бранителот на титулата и ТФТ Моцарт, ќе се игра на 30. април во СЦ „Јане Сандански“.

Полуфиналните серии се играат во три победи.

To top