Македонија Влажни бранови

По убавото време следува невреме: Еве каква е новата временска прогноза

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

По убавото време следува невреме: Еве каква е новата временска прогноза

Во следните три дена, почнувајќи од среда, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер.

Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

To top