Кошарка

Тешка повреда на Милутинов

Тешка повреда на Милутинов

За „црвено-белите“ и те како е ден за заборав бидејќи покрај поразот останаа и без еден од своите најдобри кошаркари Никола Милутинов.

Српскиот репрезентативец заработи бизарна повреда на почетокот на третата четвртина кога при враќање во својот дел од теренот згазна на ногата на неговиот соиграч Костас Папаниколау.

Центарот мораше со помош да биде испратен надвор од теренот, а на изненадување, доби и овации од домашната публикта.

Првичните информациите велат дека станува збор за тешка повреда, а колкаво ќе биде отсуството ќе биде познато по деталните лекарски прегледи.

To top