Кошарка

Паскал Сијакам трејдуван во Индијана

Паскал Сијакам трејдуван во Индијана

Најдобриот кошаркар на Торонто Репторс, Паскал Сијакам (29), ќе биде трејдуван во тимот на Индијана Пејсерс, објавија повеќето американски медиуми.

Новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски ги објави деталите за размената на играчи во која покрај Репторс и Пејсерс ќе учествуваат и Њу Орлеанс.

Според неговите информации, во замена за Сијакам, Репторс ќе ги добијат Брус Браун и Џордан Нвора од Пејсерс, како и Кира Луис од Пеликанс.

Во корист на Торонто, Пејсерси се откажаа од три пика во првата рунда на НБА драфтот, два оваа година и еден во 2026 година и ќе добијат еден иден пик во втората рунда од Њу Орлеанс. Паскал Сијакам има просек од 22,2 поени по натпревар, 6,3 скока и 4,9 асистенции оваа сезона.

To top