Кошарка

Лос Анџелес Лејкерс е шампион на првиот НБА куп

Лос Анџелес Лејкерс е шампион на првиот НБА куп

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс станаа првите шампиони во НБА купот, откако во големото финале на новото натпреварување ја совладаа екипата на Индијана пејсерс со резултат 123:109.

Херој на големиот успех на тимот на ЛА беше искусниот Леброн Џејмс, кој беше прогласен за најкорисен играч на ова натпреварување.

Во финалниот меч против Индијана, тандемот Дејвис – Џејмс беше нерешлива енигма за одбраната на ривалот.

Ентони Дејвис одигра меч за паметење, имаше учинок од 41 поен и 29 скокови, додека „Кралот Џејмс“ го следеше со 24 поени, 11 скокови и четири асистенции.

Иако не беше најефикасен на овој натпревар, Леброн го доби признанието МВП, откако од стартот на натпреварувањето пружи одлични партии и го одведе тимот до историски трофеј. Во поразениот тим се истакнаа Халибартон и Матурин со по 20 поени.

To top