Кошарка

Нов кошаркар на Олимпијакос се повреди

Нов кошаркар на Олимпијакос се повреди

Олимпијакос скапо ја плати победата во Белград над Макаби, поради повредата што на овој натпревар ја заработи американскиот плејмејкер Најџел Вилијамс Гос.

Американецот одигра одлично во првото полувреме, во вториот дел воопшто не влегуваше во игра, а отежнатото движење на тајмаутите беше јасен знак дека тој има проблем со повреда.

По враќањето во Атина врз Вилијамс Гос беа извршени детални прегледи, по што му е препорачана пауза од најмалку еден месец од кошаркарските терени.

To top