Кошарка

Нено Димитријевиќ доби место во најдобрата петорка во ВТБ лигата

Нено Димитријевиќ доби место во најдобрата петорка во ВТБ лигата

Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ благодарение на одличните настапи во дресот на Уникс Казан одново доби место во најдобрата петорка за периодот од 4. до 10. март.

Димитријевиќ одигра одлично во натпреварите против ЦСКА Москва и Парма Перм во кои оствари просек од 31. поен и 4.5 асистенции и три скока по натпревар.

Покрај македонскиот репрезентативец во најдобрата петорка се уште Октавиус Елис од Уралмаш, Мело Тримбл од ЦСКА, Си Џеј-Брајс од Парма Перм и Томас Ертел од Зенит.

 

To top