Кошарка тој бил итно опериран

НБА: Помошникот тренер на Голден Стејт, Милојевиќ, доживеа срцев удар

Српскиот кошаркарски стратег, Дејан Милојевиќ доживеа срцев удар и е опериран во болница во САД, јавија денеска американските медиуми.

НБА: Помошникот тренер на Голден Стејт, Милојевиќ, доживеа срцев удар

Милојевиќ, кој е дел од стручниот штаб на НБА лигашот Голден Стејт, му се слоши изминатата вечер во ресторан во Солт Лејк Сити, каде неговата екипа вечерва игра против Јута.

Поранешниот кошаркар на Партизан и ФМП, и поранешен тренер на Мега и Будуќност итно бил пренесен во болница и опериран.

Голден Стејт го ангажираше 46-годишниот Милојевиќ како помошник тренер во август 2021, потпишувајќи со него „долгогодишен договор“.

To top