Кошарка тага

Почина таткото на Дејан Милојевиќ, еден месец по неговата смрт

Дејан Милојевиќ почина на 17 јануари во американската држава Јута за време на приватна вечера пред натпреварот помеѓу неговите Вориорс и Јута Џез во НБА.

Почина таткото на Дејан Милојевиќ, еден месец по неговата смрт

Нешто повеќе од еден месец по смртта на познатиот тренер и кошаркар Дејан Милојевиќ, почина и неговиот татко – Милан Милојевиќ.

Таткото на легендарниот кошаркар и тренер починал денеска. Се уште не е позната причината за смртта, објави „Спортал“.

Дејан Милојевиќ почина на 17 јануари во американската држава Јута за време на приватна вечера пред натпреварот помеѓу неговите Вориорс и Јута Џез во НБА.

За време на вечерата му се слошило, бил пренесен во болница, но за жал лекарите не успеале да го спасат. Починал како последица од срцев удар.

Србинот беше еден од најталентираните европски кошаркарски тренери. Тој беше познат како еден од ретките стручњаци од Европа кои работеа во НБА клуб, додека во светот беше познат по работата со млади играчи.

Милојевиќ беше погребан во понеделник на 12 јануари во Белград.

To top