Кошарка се во служба на тимовите

НБА лигата со нов предлог во корист на тимовите

НБА лигата со нов предлог во корист на тимовите

НБА лигата ги разгледува начините дополнително да го награди победникот на новиот турнир во сезоната.

Лигата разговара за опција во која победникот на турнирот во сезоната автоматски ќе го добие најмалку местото седми носител на конференцијата, што би значело учество во плеј-ин и два натпревара на домашен терен.

– Иако место во првите шест изгледа како преголема привилегија, една идеја имаше голема поддршка. Тоа е да му се гарантира на победникот на турнирот најмалку седмо место, што би значело дека тимот ќе треба да победи два натпревара на домашен терен за да се пласира во плејофот, известува инсајдерот на „ESPN“, Тим Бонтемпс.

Првиот победник во НБА-купот, тимот на Лос Анџелес лејкерс, доби пехар, медали за играчите и парична награда. Лејкерс пред два дена во куп финалето ја победи Индијана пејсерс со 123:109.

To top