Кошарка

НБА лига му одреди казна на Рајаковиќ

НБА лига му одреди казна на Рајаковиќ

НБА лигата ја одреди казната за тренерот на Торонто, Дарко Рајаковиќ, кој пред два дена жестоко ги нападна судиите по дуелот на Репторс со Лос Анџелес Лејкерс.

Српскиот стратег се жалеше за нееднаквиот третман во однос на доделените слободни фрлања и испорача жесток говор по натпреварот, па сега ќе мора да уплати 25.000 долари на сметка на лигата.

Рајаковиќ истакна дека Лејкерс добиле 23 слободни фрлања, а неговиот тим само 2 во последниот период, а статистиката открива дека сезонава немало натпревар со толку голема разлика на доделени слободни фрлања на ниту еден натпревар.

Само Ентони Дејвис во текот на натпреварот шутирал 14 слободни фрлања, а целиот тим на Торонто добил 13 на целиот дуел.

Дали мораа да победат вечерва? Ако е така, подобро да ни кажат, па воопшто и да не играме, – истакна Рајаковиќ во својот монолог кој сега ќе го чини 25.000 долари.

To top