Кошарка

На Бруклин му се заканува казна

На Бруклин му се заканува казна

Американските медиуми пренесуваат дека НБА отворила истрага против Бруклин Нетс. Одборот на лигата го прегледал натпреварот Бруклин – Милвоки, кој се одигра пред Нова година и на кој победи Бакс со 144:122.

Се зборува дека Бруклин нетс може да биде казнет поради малиот број играчи што се појавија на тој натпревар и поради ротацијата во која немаше четворица од најдобрите негови играчи.

Дополнително, кога порасна доволно предноста на Милвоки, уште тројца играчи не се вратија во игра, па практично Бруклин го одигра поголемиот дел од натпреварот без своите седуммина најдобри играчи.

Лигата е многу незадоволна од ваквиот развој на ситуацијата и сега се размислува, врз основа на правилата на НБА, Бруклин да биде казнет.

To top