Кошарка

Мајк Џејмс сега е трет најдобар стрелец во историјата на Евролигата

Мајк Џејмс сега е трет најдобар стрелец во историјата на Евролигата

Мајк Џејмс го предводеше Монако до победа на тешкото гостување против Жалгирис (79-83), меч на кој американскиот поентер успеа да испише историја искачувајќи се на третото место на листата на најдобри стрелци во Евролигата.

Тој уште во првото полувреме успеа да го мине Хуан Карлос Наваро, кој имаше 4.152 поени во кариерата во Евролигата.

Пред Џејмс на оваа ранг-листа сега се наоѓаат само уште Нандо де Коло со 4363 и Василис Спанулис, кој се ноаѓа на врвот со 4.455 поени зад своето име.

To top