Кошарка

Маестрална партија на Дејвис за победа на Лејкерс

Маестрална партија на Дејвис за победа на Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс со 132-131 го доби Тороното во неизвесен меч, Далас на свој терен беше поразен од Мемфис со убедливи 120-103.

Ентони Дејвис имаше фантастична партија, постигна 41 поен, имаше и 11 скокови, беше главниот играч на Лејкерс во победата над Торонто.

Покрај Дејвис, одличен беше и Леброн Џејмс кој постигна 22 поени, имаше и 12 асистенции. Во тимот на Торонто Барнс даде 26 поени, Сиакам имаше 25 поени.

Добрите изданија на Ирвинг и Дончиќ не помогнаа Далас да дојде до победа против Мемфис. Маверикс го загубија мечот со убедливо 120-103.

Најефикасен во составот на Далас беше Ирвинг со 33 поени, Дончиќ постигна 31, но двете ѕвезди немаа поддршка од останатите соиграчи. Најефикасен кај Мемфис беше Бејн со 32 поени.

To top