Кошарка проблеми за пао

Лука Вилдоза мора да го оперира коленото

Лука Вилдоза мора да го оперира коленото

Кошаркарот на Панатинаикос, Лука Вилдоза ќе мора да го оперира коленото на левата нога. Аргентинец тешко се повреди на натпреварот од грчкиот шампионат против Перистери, објави клубот од Атина на својата официјална веб-страница.

Вилдоза (28) го скинал надворешниот дел од менискусот на левата нога. Како што соопштија од грчкиот клуб тој во вторник ќе биде опериран.

Од клубот не соопштија колку долго Аргентинецот ќе мора да паузира, но првите претпоставки на грчките медиуми се дека Вилдоза ќе биде надвор од терените најмалку два месеци.

Вилдоза во Евролигата има просек од 6,8 поени, 1,7 скока и 1,7 асистенции на 18 натпревари, а во грчката лига на 11 натпревари има просек од 8,5 поени, 1,4 скока и 2,8 асистенции.

To top