Кошарка

Грчкиот Панатинаикос доживотно суспендираше навивач

Грчкиот Панатинаикос доживотно суспендираше навивач

Панатинаикос му го одзеде сезонскиот билет на еден од своите навивачи и му забрани доживотно влез во популарната арена „ОАКА“.

Причина за такво нешто се вербалните навреди кон судиите на натпреварот од Евролигата меѓу зелените од Атина и Фенербахче. По едно предупредување, откако продолжил со вербални навреди, навивачот бил изнесен од салата од обезбедувањето.

Идентично сценарио се случи пред само два месеци во Пиреја. Еден од навивачите на Олимпијакос расистички го малтретирал судијата Џозеф Бисанг.

Поради навремената реакција, Евролигата реши да не го казни Олимпијакос со меч пред празни трибини. Со оглед на тоа што и Панатинаикос навремено реагираше, се очекува и тие да поминат без дополнителна суспензија.

To top