Кошарка дербито за шампионот

Јокиќ со рекорд на кариерата во триумфот против Голден Стејт

Јокиќ со рекорд на кариерата во триумфот против Голден Стејт

Екипата на Денвер нагетс славеше против Голден Стејт вориорс во НБА лигата со конечен резултат 120:114.

Српскиот центар Никола Јокиќ од редовите на Нагетси вкупно 18 пати застана на линијата за слободни фрлања, и сите успеа да ги реализира.

Јокиќ никогаш не постигнал толку поени од линијата за слободни фрлања во еден НБА натпревар што му е рекорд на кариерата.

Инаку тој е првиот играч уште од Трејси Мекгрејди во 2002 година со 18 поени од слободните фрлања во мечевите за Божиќ.

Србинот во победата на Денвер придонесе со 26 поени, 14 скокови и осум асистенции, а поефикасен беше само Џамал Мареј со 28 поени.

На спротивната страна за „воините“ Ендру Вигинг реализираше 22 поени, Стеф Кари се истакна со 18 поени, но и слаб процент на шут за три поени (3/11).

To top