Кошарка

Јокиќ: Дефанзивата ни е очајна

Јокиќ: Дефанзивата ни е очајна

Преводникот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, смета дека неговиот тим има солиден почеток на новата сезона во НБА лигата, но вели дека сите мора да бидат подобри во дефанзивата.

„Џокерот“ е свесен за квалитетите на ростерот со кој располагаат Нагетс и најавува далеку подобри изданија во одбраната, која минатата сезона беше безмалку клучна за освоената шампионска титула.

„На натпреварот со Орландо уште еднаш се потврди фактот дека сме деконцентрирани во одбраната. Тие заслужено победија, а ние мораме да работиме и да се подобриме. Во офанзивната фаза правеа што сакаа и доминираа под нашиот кош. Тоа е недозволиво за тим со шампионски амбиции. Ќе разговараме сите и заедно ќе се обидеме да станеме многу подобри. Бадијала зборуваме за мојот личен скор, тоа е сосема неважно кога екипата не бележи добри резултати“, изјави Јокиќ.

To top