Кошарка неверојатна победа

Историски трипл-дабл на Дончиќ, Далас го наполни кошот на Јута (ВИДЕО)

Далас Маверикс ја прегази Јута со 147-97, а централна личност на натпреварот повторно беше Лука Дончиќ.

Историски трипл-дабл на Дончиќ, Далас го наполни кошот на Јута (ВИДЕО)

Далас Маверикс ја прегази Јута со 147-97, а централна личност на натпреварот повторно беше Лука Дончиќ.

Словенечкиот ас го оствари најефикасниот трипл-дабл во едно полувреме во историјата на НБА лигата, постигнувајќи 29 поени, 10 скока и 10 асистенции што е воедно и прв трипл-дабл за полувреме со над 25 поени. Натпреварот го заврши со 40 поени, 11 асистенции и 10 скока и сето тоа без да игра во последната четвртина од натпреварот. Воедно, тоа е негов прв трипл-дабл за едно полувреме во кариерата, остварување што во последните 25 години им успевал само на Никола Јокиќ, Расел Вестбрук и Домантас Сабонис. Овој трипл-дабл беше 60. во кариерата на Дончиќ со што го помина Лери Бирд и сега е осамен на деветтата позиција во оваа статистичка категорија.

Далеку зад него останаа Кајри Ирвинг со 26 и Хардавеј со 17 поени. Кај Јута, Агбаџи беше најефикасен со 21 поен.

Минесота ја продолжи победничката серија и ја зголеми предноста на челната позиција во Западната конференција, победувајќи го Сан Антонио со 102-94. Спарс ги имаа најефикасните играчи на натпреварите (Васел со 22 и Џонсон со 21 поен), но Руди Гобер доминираше под кошевите со 20 скока, а Таунс оствари дабл-дабл со 14 поени и 10 скока.

РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Орландо 121-111
Детроит – Мемфис 102-116
Вашингтон – Филаделфија 126-131
Атланта – Бруклин 113-114
Минесота – Сан Антонио 102-94
Торонто – Мајами 103-112
Чикаго – Шарлот 111-100
Хјустон – Оклахома 110-101
Далас – Маверикс 147-97
Голден Стејт – Портланд 110-106
ЛА Клиперс – Денвер 111-102

To top