Кошарка

ЛА Клиперс поведe со 1-0 против Далас

ЛА Клиперс поведe со 1-0 против Далас

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс поведоа со 1-0 во четвртфиналната серија во Западната конференција од плеј-офот во НБА лигата откако на домашен терен на Далас Маверикс совладувајќи го со убедливи 109-97.

Клиперс сите дилеми околу победникот ги реши во вториот период кога на противникот му дозволи само осум поени, а на пауза замина со позитива од 26 поени (56-30). Во вториот дел избраниците на Тајрон Лу само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 109-97.

Џејмс Харден со 28 поени беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените не беа доволни 33 поени на Лука Дончиќ и 31 поен на Кајри Ирвинг.

To top