Кошарка

Денвер Нагетс стави крај на лудата домашна серија на Бостон

Денвер Нагетс стави крај на лудата домашна серија на Бостон

Кошаркарите на Бостон Селтик од стартот на сезоната не знаеја за домашен пораз во НБА лигата, беа на скор од 20-0, а потоа на мегдан им дојде ланскиот првак.

Деневер Нагетс слави во драмата во „ТД Гарден“ со 100-102, ставајќи крај на лудата домашна серија на Селтикси кои во текот на мечот имаа и двоцифрена предност која ја испуштија.

Џамал Мареј и Никола Јокиќ диригираа, за нив домашната одбрана немаше решение и го поведоа тимот до победата. Мареј беше најдобар поентер со 35 на своето конто, додека Јокиќ беше на чекор од нов „трипл-дабл“ со 34 поени, 12 скока и девет асистенции. Во тимот на Бостон се истакнаа Вајт со 24, Тејтум со 22 и Порзингис со 21 поен.

На останатите терени Бруклин славеше во Лос Анџелес против Лејкерси (112-130), Портланд беше подобар од Индијана (118-115), Шарлот триумфира со Сан Антонио (124-120), Филаделфија на гости се радуваше против Орландо (100-124) и Атланта победи во Флорида против Мајами (108-109).

To top