Кошарка

Денес стартува Ф4 во кошаркарската Евролига

Денес стартува Ф4 во кошаркарската Евролига

Спортската арена „Убер“ во германскиот град Берлин, со капацитет 14.550 гледачи, ќе биде домаќин на годинашниов фајнлфор во кошаркарската Евролига, на кој за победничкиот пехар ќе се борат шпански Реал Мадрид, турски Фенербахче и двата грчки претставника Олимпијакос и Панатинаикос.

Тоа се кубовите што всушност и покажаа најмногу во текот на сезоната 2023/2024, во која имаше мошне возбудливи и неизвесни дуели. Во полуфиналните дуели, в петок, силите ќе ги одмерат Панатинаикос со Фенербахче и Реал Мадрид со Олимпијакос. Победниците ќе играат во финалето в недела.

To top