Фудбал Перез го сака само него

Се знае кој е наследникот на Анчелоти!

Нема веќе дилеми, барем според медиумите кои се блиски до Реал Мадрид, околу тоа кој е наследникот на Карло Анчелоти.

Нема веќе дилеми, барем според медиумите кои се блиски до Реал Мадрид, околу тоа кој е наследникот на Карло Анчелоти.

Перез го сака само него и никој друг. А тоа е Чаби Алонсо, моментално најдобриот стратег во Европа кој со Леверкузен прави чудесни работи. За него велат дека е тренерски генијалец и дека има посебна клаузула ако Реал е заинтересиран за неговите услуги и важи само за кралевите.

Алонсо, инаку некогашен фудбалер на Реал Мадрид, има важечки договор со Леверкузен, но во него стои дека тој може да го раскини договорот со “фармацевтите“ и да оди во Мадрид за само 15 милиони евра во било кое време. Пари кои секако дека не се проблем за Дон Флорентино.

Секако дека Реал и Леверкузен не се исто, но млад тренер како Алонсо со сите оние млади ѕвезди во Реал, како Белингем, Винициус, Камавинга, Чуамени, Валверде, Родриго, Ѓулер, а тука се и Куртоа, Милитао, Алаба, Рудигер, …а ако дојдат Мбапе или Халанд, се разбира со Алонсо на клупата тогаш јасно е дека “кралевите“ ќе бидат просто непобедливи.

Ете тоа го сака Дон Флорентино за наредната сезона, па и за понатаму.

To top